ДЕЛОВНИК ЗА РАБОТА НА НАДЗОРЕН ОДБОР

Врз основа на член 36 и член 37 од Статуот на Стопанската Комора за Туризам на Македонија, Собранието на Стопанската Комора за Туризам на Македонија на својата Седница одржана на ден 19.11.2011 година го донесе следниот

Д Е Л О В Н И К
за
РАБОТА НА НАДЗОРНИОТ ОДБОР НА СКТМ

ОПШТИ ОДРЕДБИ
Член 1
Со овој Деловниик се уредува начинот на работа на Надзорниот одбор на СКТМ.
Прашањата кои се однесуваат на работата на Надзорниот одбор се регулирани и со одредени членови од Статуот на СКТМ.
Прашањата кои не се регулирани ниту во Статуот, ниту со овој Деловниик, можат да се уредат со одлука на Надзорниот одбор.
Член 2
Одредбите на овој Деловниик за работа и одржување на Седниците на Надзорниот одбор се применуваат за сите лица кои присуствуват на Седницата на Надзорниот одбор.
На Седницата на Надзорниот одбор може да присуствуваат без право на одлучување извршниот директор на Комората и членови на УО.
ПРАВА И ОБРВСКИ НА НАДЗОРНИОТ ОДБОР
Член 3
Надзорниот одбор како орган на контрола во СКТМ ги остварува своите права и обврски утврдени со Статуот, одлуките на Собранието како и со овој Деловниик на работа.
Во вршење на работите од својот делокруг, Надзорниот одбор може и има право на врши надзор над:
  • Спроведувањето на Статуот на Комората и другите општи акти, остварувањето на правата и извршувањето на обврските на членовите на Комората;
  • Користењето на средствата на Комората, финансиско - материјалното работење на Комората и користењето на средствата за работа на стручната служба на Комората;
  • Надзор над законитоста, материјално-финансиското работење, имотот и правилноста на работата на Комората;
  • Наплатата на членарината;
  • И други работи кои му ги доверува Собранието на Комората.
Членовите на Надзорниот одбор се должни своите работи да ги извршуваат совесно, одговорно и во интерес на СКТМ, со посебно внимание.
Работите од својот делокруг Надзорниот одбор ги врши по сопствена иницијатива или по иницијатива на членовите на СКТМ.
ПРЕТСТЕДАТЕЛ НА НАДЗОРНИОТ ОДБОР
Член 4
Претстедател на Надзорниот одбор се избира на начин и постапка утврдена со Деловниикот за работа на Собранието на СКТМ.
ДЕЛОКРУГ НА РАБОТА НА ПРЕТСТЕДАТЕЛОТ НА НАДЗОРЕН ОДБОР
Член 5
Претстедателот на Надзорниот одбор ги свикува и претседава со Седниците на Надзорниот одбор и ги врши сите работи предвидени со овој Деловниик за работа.
Покрај горенаведените работи, Претстедателот на Надзорниот одбор учествува и при извршување на следните активности:
  • Утврдување на дневниот ред и предлог одлуките;
  • Врши консултација со членовите на Надзорниот одбор во врска со припремата на дневниот ред и материјалите кои треба да бидат доставени;
  • Утврдување на начинот на пратење, контрола и известување при спроведување на Деловниата политика, а со цел превземање на корективни и превентивни мерки до колку истите не се реализираат и остварат;
  • Се грижи Надзорниот одбор да ги извршува сите работи од своите надлежности;
  • Го прати извршувањето и спроведувањето на одлуките на Надзорниот одбор.
СЕДНИЦИ НА НАДЗОРНИОТ ОДБОР
Член 6
Надзорниот одбор одлучува на редовни и вонредни Седници.
Надзорниот одбор одржува најмалку четири редовни Седници годишно.
Член 7
Покрај редовните Седници, Надзорниот одбор може по потреба да одржува и вонредни Седници, кои можат да бидат и тематски.
Член 8 
Редовните Седници на Надзорниот одбор ги свикува Претстедателот на Надзорниот одбор, по сопствена иницијатива.
Претстедателот на Надзорниот одбор може да свика Седница и по иницијатива на било кој член на управниот одбор, Претстедателот на Комората, најмалку 3 члена на Собранието на Комората и ивршниот директор на Комората.
ДОСТАВА НА ДНЕВЕН РЕД
Член 9
Писмено известување за одржување на Седницата на Надзорниот одбор, односно дневниот ред, се доставува до сите членови, по е-маил , или по факс, најкасно три дена пред датумот на одржување на Седницата од страна на овластен член од Надзорниот одбор.
Во вонредни и неодложни (итни) случаеви кои се важни за нормалното работење на СКТМ, овие рокови можат да бидат и пократки.
Член 10
Во склоп на дневниот ред, се доставуваат:
  • Пратечките материјали врз основа на кои Надзорниот одбор треба да донесе одлуки;
  • Записникот и донесените одлуки од претходната Седница на Надзорниот одбор.
Член 11
Дневниот ред и материјалите освен до членовите на Надзорниот одбор, а по потреба и до Претстедателот на управниот одбор на СКТМ се доставуваат и до лицата кои треба да реферираат за одредена точка од дневниот ред.
Членовите кои од оправдани причини нема да бидат во можност да присуствуваат на Седницата, должни се писмено или усмено да го информираат Претстедателот на Н.О..
Член 12
Претстедателот ја води Седницата на Надзорниот одбор согласно точките од дневниот ред.
Известителите за поедини точки се должни во кратки црти да го образложат доставениот материал, или информацијата.
НАЧИН НА ДОНЕСУВАЊЕ ОДЛУКИ
Член 13
Надзорниот одбор одлуките ги донесува со консензус.
ДОНЕСУВАЊЕ ОДЛУКИ БЕЗ ОДРЖУВАЊЕ СЕДНИЦИ
Член 14
Надзорниот одбор може да одлучува и без одржување состанок со користење на конференциски, или комуникациски врски.
Одлуката е важечка и без одржување состанок до колку сите членови на Надзорниот одбор дадат писмена согласност за одлуката која се донесува.
ЗАПИСНИК
Член 15
На Седниците на Надзорниот одбор се води записник од овластено лице во својство на записничар, кој го избираат од членовите на Надзорниот одбор.
Записникот се усвојува на првата наредна Седница на Надзорниот одбор.
Записникот се потпишува од:
  • Претстедателот на Надзорниот одбор;
  • Записничарот
КОНФЛИКТ НА ИНТЕРЕСИ
Член 16
Членовите на Надзорниот одбор не смеат да учествуваат во било какви активности кои можат да и наштетат на работењето, интересите и угледот на СКТМ како и во сите случаи во кој личен интерес е во конфликт со Деловниикот.
ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ
Член 17
Претстедателот на Надзорниот одбор е одговорен за организирање на работата на Надзорниот одбор и за спроведување на неговите одлуки.
Член 18
Овој Деловниик за работа стапува во сила од денот на неговото донесување.
Скопје,                година

Преземете го деловникот на следниот линк