ДЕЛОВНИК ЗА РАБОТА НА СОБРАНИЕ

Врз основа на Статутот на Стопанската комора за туризам на Македонија, Собранието на Стопнската комората за туризам на Македонија на седница одржана на 19.11.2011 година го донесе следниов:

Д Е Л О В Н И К
за
РАБОТА НА СОБРАНИЕТО НА КОМОРА ЗА ТУРИЗАМ НА МАКЕДОНИЈА

Член 1
Со овој Деловник се уредува припремањето, начинот на работа и одлучувањето, како и изборот на органите на Собранието на Комората за туризам на Македонија (во понатамошниот текст: Комора)
ПРИПРЕМАЊЕ НА СОБРАНИЕ
Член 2
Собранието се припрема од страна на Управниот одбор во соработка со Претседателот на Собранието.
Припремата ги опфаќа следниве работи:
  • утврдување на дневен ред
  • припрема на писмени материјали за Собранието
  • доставување на покани за Собрание на сите негови членови
Член 3
При утврдување на дневниот ред Управниот одбор и Претседавачот на Собранието, должни се да ги земат во предвид сите предлози кои уредно во писмена форма ги приложиле членовите на Комората, се до денот на свикување на Собранието, односно испраќањето на поканите.
СВИКУВАЊЕ НА СОБРАНИЕ
Член 4
Собранието се свикува на начин утврден со Статутот на Стопанската комора за туризам на Македонија.
РАБОТА НА СОБРАНИЕТО
Член 5
На почетокот на заседавањето на Собранието, Претседавачот на Собранието именува Претседател на верификациона комисија и двајца членови, како и записничар.
Во случај на отсуство на Претседавачот на Собранието, со истото ќе заседава, односно ќе го води Претседателот на Комората.
По ова, верификационата комисија го утврдува бројот на присутни членки заради утврдување дали постои кворум за полноправно донесување на одлуки.
За уредно присутни членови се сметаат законскиот застапник или уредно овластен претставник на секоја членка на Комората.
Член 6
Претседавачот на Собранието ја отвара седницата и го повикува Претседателот на верификационата комисија да поднесе извештај за бројот на гласовите кои одлучуваат на Собранието.
Ако на седницата присуствуваат доволен број на членови, Собранието започнува со работа по претходно утврдениот дневен ред.
Претседавачот на седницата на Собранието ја отвара расправата по дневниот ред, давајќи им збор на членовите по редоследот на нивното јавување. Притоа внимава работата да се одвива непречено, а на крајот од сите дискусии ја заклучува расправата.
На расправата учество можат да земат и гостите кои ги повикал свикувачот на Собранието.
Член 7
По заклучување на расправата Претседавачот на седницата ги става на гласање предлог одлуките по оној ред по кој се изнесени на Собранието.
Одлуките за поединечни точки од дневниот ред се усвојуваат со мнозинство на гласови од присутниот број на членки, освен во случај ако со Статутот не е пропишано квалификувано мнозинство.
Членовите на Собранието гласаат јавно со подигање на рака, а изјаснувањето може да биде “ЗА”, “ПРОТИВ” и “ВОЗДРЖАН”.
Собранието може да одлучи да за одредени предлози се гласа и писмено. Во ваков случај на гласачкото ливче мора да се наведе името и презимето на членот на Собранието, при што членот го потпишува ливчето.
Бројот на дадени гласови ”за”, “против” и “воздржан” по секоја поединечна точка на дневниот ред по извршеното гласање, го утврдува верификационата комисија и за тоа поднесува извештај.
Врз основа на извештајот на верификационата комисија Претседавачот на Собранието утврдува дали одлуката за поедина точка на дневниот ред е усвоeн или не.
Претседавачот на Собранието ги потпишува писмено изработените и усвоените одлуки, како и други акти на Собранието.
ИЗБОР НА ОРГАНИ НА КОМОРАТА
Избор на Управен одбор
Член 8 
Членовите на Управниот одбор (во понатамошниот текст: УО) се избираат на следниот начин:
  • Сите членови на УО се избираат на предлог на членовите на Собранието при што право на предлагање на членови за УО има секој член на Собранието,
  • Секој предложен кандидат треба предходно да се согласи со кандидатаурата.
  • Врз основа на изнесени предлози или добиени резултати од анкета,верификационата комисија изготвува листа на кандидати за УО подредени по азбучен редослед.
  • По ова се пристапува кон гласање. Гласањето се одвива на тој начин што секој член на Собранието добива ливче на кое што се наоѓаат сите предложени кандидати и утврдени кандидати од спроведената анкета, при што секој член има право да заокружи максимален број на кандидати кој одговара на бројот на членовите на У.О.
  • По завршување на гласањето верификационата комисија утврдува ранг листа на кандидатите на УО почнувајќи од оној кандидат кој добил најголем број на гласови до оној со најмалку гласови.
  • Доколку еден или повеќе членови добијат еднаков број на гласови и не може да се утврди кој од нив ќе стане член на УО, тогаш гласањето ќе се повтори како во став 1 алинеја 4 на овој член само за оние кандидати кои имаат еднаков број на гласови.
  • Постапка за избор на членови на У.О. може да се спроведе и по електронски пат.
  • Се изготвува листа на номинација која се доставува до сите членови на Комората. Врз основа на добиената листа на номинации се изготвува листа на кандидати за гласање.
  • Гласањето е електронско што претсатавува втор круг при избор на кандидат за У.О.
  • Секој предложен кандидат треба предходно да се согласи со кандитаурата.
  • Врз основа на изнесени предлози, односно добиени резултати по електронски пат до секоја членка на СКТМ,
  • На седница на Собрание верификационата комисија дава извештај за спроведеното електронско гласање, по ова се пристапува кон гласање.
  • Гласањето се одвива на тој начин што се гласа за изготвената листа.
  • Се добива ливче на кое што се наоѓаат сите предложени кандидати и утврдени кандидати од спроведената фаза на електронско гласање односно предлагање на кандидати, при што секој член има право да заокружи максимален број на кандидати кој одговара на бројот на членовите на Управниот Одбор.
Избор на Претседавач на Собранието
Член 9
Претседавач на Собранието се избира на предлог на членовите на Собранието. Право на предлагање имаат сите членови на Собранието.
Постапката на гласање се применува како во член 8.
Избор на Претседател
Член 10
Претседателот на Комората се избира на предлог на членовите на Собранието.
Претседателот на Комората е и член – Претседател на Управниот Одбор.
Претседателот на Комората има Заменик Претседател кој се избира на предлог на Претседателот на Комората.
Постапката за гласање се применува како во член 8
Избор на Надзорен Одбор
Член 10
Членовите на Надзорниот одбор (во натамошниот текст: НО) се избираат на следниот начин:
  • Право на предлагање на членови за НО има Претседавачот на Собранието. Тој го предлага Петседателот на НО и двајца членови од редот на основачите претставниците на Собранието на Комората.
  • Врз основа на изнесените предлози верификационата комисија изготвува кандидациона листа по азбучен ред.
  • По ова се пристапува кон гласање. Гласањето се одвива на тој начин што секој член на Собранието на изготвеното гласачко ливче заокружува тројца од предложените кандидати.
  • По извршеното гласање верификационата комисија ја утврдува ранг листата на кандидатите за НО од оној кандидат кој добил најголем број гласови до оној кој добил најмалку.
  • Доколку еден или повеќе членови добијат еднаков број на гласови и не може да се утврди кој од нив ќе стане член на НО, тогаш гласањето ќе се повтори само за оние кандидати кои имаат еднаков број на гласови.
Член на НО не може да биде кандидиран, односно избран за член на НО ако е претседателот на Комората, член на Управниот одбор, извршниот директор на Комората.
Избор на членови на Суд на честа
Член 11
Членовите на Судот на честа се избираат на Собрание, при што се предлагаат членови кои спаѓаат во редот на најистакнатите членови на Комората.
Постапката за кандидирање и избор на членови на Судот на честа е иста што е опшана во член 10.
ЗАПИСНИК
Член 12
За работата на седеницата на Собранието се води записник.
Во записникот задолжително се внесува:
  • Редниот број на седницата
  • Датум и место на одржување на седницата
  • Број на присутни членови на комората
  • Име и презиме на записничарот
  • Време на почеток и завршеток на седницата
  • Дневен ред
  • Донесени одлуки и заклучоци по секоја точките на дневниот ред и
  • Име и презиме на оние кои учествувале во расправата
  • Кон записникот како негов сосотавен дел се приложува список на сите присутни членови на Собранието.
  • Записникот го потпишува записничарот и претседавачот како заверувач на записникот.
Член 13
Во записникот се внесуваат и битните содржини од расправите на одделни учесници, особено ако од нив произлегуваат одредени предлог-одлуки или заклучоци.
Записникот по правило се изработува во рок од 10 дена од одржаната седница, а се доставува до членовите на Комората со материјалите за наредната седница на Собранието.
Записникот од предходната седница се усвојува на првата наредна седница и тоа како прва точка на дневен ред.
Записникот и донесените одлуки трајно се чуваат во посебна книга за Собрание.
Записникот од седницата на Собранието се објавуваат на веб-страната на СКТМ.
ЈАВНОСТ НА РАБОТЕЊЕТО
Член 14
Работата на Собранието е јавна.
Јавноста може да биде целосно или делумно исклучена, но само кога за тоа ќе одлучат членовите на Собранието, или во случај кога се расправа за исправи или податоци кои претставуваат деловна тајна.
ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ
Член 15
Собранието се свикува на начин утврден со Статутот на Стопанската комора за туризам на Македонија.
Член 16
Овој Деловник стапува на сила со денот на донесувањето.
Автентично толкување на овој Деловник дава Собранието на Комората
Скопје, 19.11.2011 година
ПРЕТСЕДАВАЧ:
Ангел Иванов

Преземете го деловникот на следниот линк