ДЕЛОВНИК ЗА РАБОТА НА УПРАВЕН ОДБОР

Врз основа на Статутот на Стопанската комора за туризам на Македонија, Управниот Одбор на Стопанската комора за Туризам на Македонија на седница одржана на 19.11.2011год донесе следниов:

Д Е Л О В Н И К
за
РАБОТА НА УПРАВНИОТ ОДБОР НА КОМОРА ЗА ТУРИЗАМ НА МАКЕДОНИЈА

Член 1
Со овој Деловник се уредува припремањето, начинот на работа и одлучувањето на Управниот Одбор на Стопанската комората за Туризам на Македонија (во понатамошниот текст: Комора)
Член 2
Претседателот на У.О.:
  • Свикува седници и на нив претседава;
  • Ги потпишува актите кои ги донесува У.О. и се грижи за нивно спроведување;
  • Ја обезбедува и ја насочува работата и дејствувањето на У.О. согласно Статутот на Комората;
  • Презема мерки за спроведување на заклучоците на У.О.;
  • Се грижи за извршување на Програмата и плановите за работа на У.О.;
  • Одлучува за одржување на состаноци, советувања во врска со разгледување на прашања во надлежност на У.О.
Член 3
Претседателот на У.О. го заменува Заменикот потпретседател на Комората.
ЧЛЕНОВИ НА УПРАВНИОТ ОДБОР
Член 4
Членовите на У.О. имаат право и должност да присуствуваат на седниците на У.О., да предлагаат одредени прашања кои се во надлежност на У.О., да учествуваат во одлучувањето и да даваат иницијативи за работа на Комората, да бидат во тек и да учествуваат во подготовка на материјали што ги донесува У.О.
Членовите на У.О. имаат право да учествуваат и во работата на комисиите.
Секој член има право да бара од Собранието и У.О. да се завземе став по прашање значајно за спроведување на активностите и политиката на Комората.
Член 6
Членот на У.О., кој од оправдани причини е спречен да присуствува на седницата, е должен преку службите на комората – извршниот директор благовремено да го извести Претседателот.
Ако некој член подолго време е спречен да присуствува на седници должен е да го извести Претседателот и за тоа да побара посебно одобрение, за кое У.О. посебно ќе одлучува.
Член на У.О. кој три пати последователно неоправдано отсуствува од седниците на У.О., му престанува мандатот на член на УО врз основа и во согласност на член 32 од Статутот на СКТМ. Решение за престанок на мандатот на член на УО донесува Судот на честа при СКТМ, а против ова Решение членот на УО чиј мандат престанал може да поднесе приговор во рок од 8 дена.
Секој член на У.О. е лично одговорен за својата работа и за работата на У.О., во согласност со своите права и должности.
Членот на У.О. е одговорен за застапување и спроведување на ставовите на У.О., а должен е да ги извести членовите на У.О. (Претседателот, Заменик Претседателот) за извршување на сите работи што му биле доверени.
Член на У.О. кој не си ја подмирил обврската кон комората неможе да работи на седниците, неможе да предлага и гласа за одлуките кои ги носи У.О.
ИЗВРШЕН ДИРЕКТОР НА У.О. – КОМОРАТА
Член 7
Извршниот директор на Комората го именува У.О.
Извршниот директор на Комората му помага на Претседателот на Комората – У.О. во подготовките и организирањето на седниците на У.О. и седниците на Собранието, учествува во работата на седниците без право на одлучување и врши други работи утврдени со Статутот и овој Деловник што ќе му ги довери У.О. или Претседателот.
Во случај на негова отсутност или спреченост го заменува лице одредено од стручната служба претходно утврдено.
Член 8 
За својата работа и работата на Стручната служба на Комората, извршниот Директор одговара пред У.О. на Комората.
Член 9
Извршниот директор, во согласност со упатствата на Претседателот, ги врши сите работи во врска со подготвување на седниците, се грижи за навремено доствување на материјалите до членовите на У.О. за закажаните седници, за доствување на заклучоците на У.О. до членките на Комората, комисиите и работните тела и обезбедување на услови за работа на работните тела и стручната служба на Комората.
Извршниот директор му помага на Претседатседателот во спроведување на овој Деловник.
Член 10
Извршниот директор раководи со Стручната служба на Комората и се грижи за унапредување на нејзината организација и методи на работа, Донесува стручни упатства и други акти со кои го уредува начинот на работа на Стручната служба на Комората и одлучува согласно закон, за правата, должностите и одговорностите на работниците во вршењето на работата.
КОМИСИИ НА УПРАВНИОТ ОДБОР
Член 11
Комисијата за меѓународна соработка
Комисија за маркетинг и промоција
Законодавно правна комисија
Член 12
Комисиите се составени од Претседател - координатор и најмалку двајца членови.
Членовите на овие комисии се променливи.
Претседателот – координаторот на Комисијата се именува од редот на членовите на У.О.
Член 13
Седниците ги свикува претседателот на У.О. по сопствена иницијатива или по барање од најмалу три члена од У.О.
Член 14
Предлогот на дневниот ред за седница го утврдува Претседателот на предлог на Извршниот директор на Комората.
Дневниот ред на седницата по правило содржи три вида материјали и тоа: Материјали за кои се води расправа и се одлучува; материјали по кои У.О. само одлучува, а предходно е водена расправа во комисиите и работните тела и секторите на комората, и е завземен став; материјали со кои се информира У.О.
При утврдување на дневниот ред, на предлог на член на У.О. може да се одлучи да се води расправа и по материјалите од втората и третата алинеја од став 2 на овој член.
.......................................................................................................................................................................................................
Преземете го комплетниот деловник на следниот линк