ИСТОРИЈАТ

Стопанска Комора за Туризам на Македонија (СКТМ) е независна, самостојна и непрофитна деловно-стручна организација на правни и физички лица, со седиште во Република Македонија, кои вршат дејност во туристичкото стопанство. Членовите во Комората се здружени (организирани) врз професиoнало-еснафска база и нивното зачленување е во согласност со Законот за стопанските комори.

Дејности во туристичкото стопанство

За дејности во туристичкото стопанство влегуваат и сите неспоменати дејности кои се во функција на изготвување, понудување и успешно реализирање на туристичкиот производ.
Постоењето на Комората како цел има застапување и заштита на интересите на своите членови за поефикасно стопанисување во пазарни услови, за унапредување на принципите на пазарната конкуренција и негување на добрите деловни обичаи, успешно вклучување на домашниот и светскиот пазар, поттикнување на претприемништвото и стручно оспособување на кадрите.

Основање на СКТМ

Стопанска Комора за Туризам на Македонија (СКТМ) е формирана на 26 март 2008 година, како самостојна, независна, неполитичка и непрофитна организација.
Мисијата на СKTM е остварување на услови за зголемен раст на бизнисот на стопанствениците-туристички работници, а со тоа и зголемување на работни места во секторот туризам, како и поддршка, промоција и развој на туризмот во Македонија како атрактивна и профитабилна индустриска гранка.

Досегашна меѓународна активност на СКТМ

СКТМ во своето 7 годишно постоење има потпишано Меморандуми за соработка со организации слични на Комората и тоа:
 
  • 2008 година:
Потпишан договор за соработка помеѓу регионалните туристички комори од ATOU-Албанија, CTU-Црна Гора, KOTAS-Косово и СКТМ-Македонија поддржано од Владите на земјите потписнички на договорот.
 
  • 2009 година:
Договор за соработка со Туристичка заедница на Златибор- Србија (11.05. 2009) Договор за Соработка со Бугарска Регионална Комора (29.11.2009).
 
  • 2010 година:
Договор за соработка со Асоцијацијата на туристички агенции на Србија(АТАС) (17.01.2010) Договор за соработка со Туристичка зедница на Белград-Србија (14.12.2010).
 
  • 2011 година:
Договор за соработка со Асоцијацијата на туристички агенции на Словенија (18.03.2011)
 
  • 2014 година:
Потпишан Глобалниот Етички кодекс во Туризмот од приватниот сектор со UNWTO. 40-та земја од членките на UNWTO која го потпишала етичкиот кодекс од приватниот сектор (29.07.2014)