КОДЕКС НА ОДНЕСУВАЊЕ

КОДЕКС НА ОДНЕСУВАЊЕ

АВГУСТ 2008

ОПШТИ ОДРЕДБИ
Член 1
Со Кодексот на однесување се определуваат основните принципи од кои се раководат и се утврдуваат правилата на однесување кон кои треба да се придржуваат членовите на Стопанската Kомора за Туризам на Македонија (во натамошниот текст –Комората).
Комората промовира политика на отворени врати, во која може да се зачленат сите заинтересирани, а посебно научно-истражувачки и образовни институции, здруженија на граѓани кои вршат стопанска дејност, сојузи интересни асоцијации, фондови, банки, осигурителни компаниии и други организации кои обавуваат дејност од значење за економијата, а посебно за туризмот, доколку со својата одлука изразат желба за колективно членство во Комората.
Член 2
Членовите на Комората работните задачи, обврските и овластувањата, ќе ги извршуваат одговорно, професионално и во согласност со Уставот, Законите, Статутот и сите други акти кои ги применуваат во своето дејствување.
Членовите ќе ги извршуваат своите должности чесно, совесно, ефикасно, почитувајќи ги туѓите права и достоинство.
Член 3
При извршување на функциите и работните задачи не постои дискриминација врз основа на полот, раса, боја на кожа, национално и социјално потекло и верско убедување и опшествена положба.
Член 4
Членките на Комората со своето однесување во јавниот и приватниот живот нема да го нарушат угледот на Република Македонија и Комората.
Член 5
Членовите се должни да ги извршуваат своите задачи стручно. Сите знаења здобиени редовно или со дополнителни усовршувања, членовите се должни да ги применуваат во извршувањето на своите задачи со што ќе придонесат во зацврстувањето на функциите на Комората.
СЕКРЕТАР НА СЕКТОР
Член 6
Членовите треба да покажуваат интерес и самоиницијативно да го зголемуваат своето стручно знаење преку следење и проучување на прописи, научна и сестручна литература, учество со свои трудови и мислења во стручни списанија, семинари и трибини и следење на културни, научни и политички достигнувања и настани.
Член 7
Членовите не смеат да го искажуваат својот политички став во јавни дискусии каде што се претставува Комората, спротивно на деловната политика и ставот на Комората за одредени економски прашања и состојби.
Политичките ставови на членовите на Комората кои се членови на политичка партија, не смеат да се одразат врз работењето на Комората.
Член 8 
Членовите се должни да ја организираат работата на начин кој во одреден рок ќе претставува основа за донесување на брзи, правилни и стручни одлуки.
Член 9
Легитимните права и интереси на соработникот се штитат како сопствените.
Не е дозволено да се оценува личното однесување на членовите и нивниот приватен живот без нивно присуство и согласност.
Член 10
Членовите на комората се должни во меѓусебните контакти да бидат љубезни и да се однесуваат со почит.
Членовите се должни да се однесуваат со странките и деловните партнери, професионално, чесно и непристрасно.
Информации и толкувања за странките и деловните партнери може да се дадат во согласност со важечките прописи и акти на Комората.
Член 11
Членовите на Комората се должни да избегнуваат конфликт на лични интереси со интересите на Комората.
Членовите не смеат да учествуваат во активности, каде што за себе или за трето лице, спротивно на интересите на Комората, очекуваат директна или индиректна материјална корист.
Член 12
Претседателот ја известува јавноста за заклучоците од одржаните седници.
Податоци и известувања за работата на Комората, дава Претседателот на Комората како поединец јавно ја коментира работата на Комората или настапува во негово име, а во функција на негово јавно претставување, неговите ставови треба да бидат во согласност со официјалните ставови на Комората.
Член 13
Не е дозволено да се обелоденат доверливи информации и да се користат во своја или туѓа корист.
Доверливи информации не се оние информации што како такви се определени со закон, интерен акт на Комората или со ознака ,,доверливо,,.
Доверливи информации се користат исклучиво во согласност со важечки прописи.
Доверливи се исто така и податоците за државни и други органи, внатрешни информации, информации за Комората, финансиските институции, странките и деловните партнери на Комората, се до нивно публикување.
Член 14
Кодексот го донесува Управниот одбор на Комората.
Претседателот на Комората и останите органи на Комората се должни за спроведување на овој Кодекс и да предлагаат соодветни мерки за негово не почитување.
За непочитување на Кодексот соодветни мерки превзема Управниот одбор по предлог на Судот на честа, а вработените поднесуваат морална и материјална одговорност.

Член 15
Овој Кодекс почнува да важи од денот на неговото донесување.

Преземете го кодексот на следниот линк