СТАТУТ НА СТКМ

Врз основа на член 13 став 1 алинеја 1 и член 42 од Законот за стопанските комори (Службен весник на Република Македонија бр. 17/2011), Собранието на Стопанската комора за туризам на Македонија, на седницата одржана на 27.07.2011 и Одлука за измени и дополнување на Статутот од 30.03.2013 го донесе следниот

С Т А Т У Т
на
СТОПАНСКА КОМОРА ЗА ТУРИЗАМ НА МАКЕДОНИЈА
Пречистен текст

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Член 1
Со овој Статут се уредува правната положба, дејноста, внатрешната организација, органите, средствата за работа, престанокот и другите прашања од значење за организацијата и работењето на СТОПАНСКА КОМОРА ЗА ТУРИЗАМ НА МАКЕДОНИЈА.
Член 2
СТОПАНСКА КОМОРА ЗА ТУРИЗАМ НА МАКЕДОНИЈА во натамошниот текст: Комора) е независна, самостојна и непрофитна деловно-стручна организација на правни и физички лица, со седиште во Република Македонија, кои вршат дејност во туристичкото стопанство како: угостителска, хотелска, транспортна, туристичко-услужна, туристичко-образовна и други неспоменати дејности, во функција на изготвување, понудување и успешна реализација на туристичкиот производ. Членовите во Комората се здружени (организирани) врз професиoнало-еснафска база и нивното зачленување е во согласност со Законот за стопанските комори, (во натамошниот текст: 3аконот).
Член 3
Членови на Комората може да бидат правни и физички лица со седиште во Република Македонија кои вршат дејност, запишани во соодветен регистар. Членови на Комората може да бидат и научно-истражувачки и образовни институции, здруженија на граѓани кои вршат стопанска дејност, сојузи, интересни асоцијации, фондации, банки, осигурателни компании и други организации кои обавуваат дејност од значење за економијата а посебно во туризмот, доколку со своја одлука изразат желба за членство во Комората.
Член 4
Членовите од член 3 на овој Статут, членството го стекнуват со денот на потпишување пристапница за членство, односно основачите со уписот во Регистарот кој го води Комората.
Член 5
Комората има својство на правно лице, кое го стекнува со денот на уписот во Регистарот на стопански комори при Централниот регистар на Република Македонија во Скопје. Комората одговара за своите обврски со целокупниот имот.
Член 6
Називот на Комората е:
СТОПАНСКА КОМОРА ЗА ТУРИЗАМ НА МАКЕДОНИЈА
Скратен назив - СКТМ.
Седиштето на Комората е во Скопје, Градски Ѕид блок 13.
Член 7
Комората има печат со тркалезна форма и штембил во правоагална форма, кои го содржат нејзиниот назив и седиште.
Член 8 
Комората во своето работење има амблем и користи и други графички апликации кои ги утврдува упрвниот одбор.
ЦЕЛИ И ЗАДАЧИ НА КОМОРАТА
Член 9
Комората се организира и работи заради застапување и заштита на интересите на своите членови за поефикасно стопанисување во пазарни услови, за унапредување на принципите на пазарната конкуренција и негување на добрите деловни обичаи, успешно вклучување на домашниот и светскиот пазар, поттикнување на претприемништвото и стручно оспособување на кадрите.
Во остварувањето на целните задачи Комората ја насочува својата дејност кон:
  • подобрување на резултатите на работењето на членовите на Комората и нивната организираност;
  • давање стручна помош на членовите на Комората во развојот на дејноста, усвојувањето на нови технологии и методи на водење на трговските друштва, поттикнување и координирање на активностите за имплементација на европските стандарди за квалитет и на истражувањата и развојот на техничко-технолошките достигнувања;
  • квалитетно и ефикасно обезбедување на стручна помош и деловни услуги на членовите, како и усогласување на нивните развојни интереси;
  • организирање на информационен систем и деловно информирање на членовите за релевантни податоци за дејноста на членовите, за домашната и светската економија, за кредитно-монетарната, девизната, даночната, царинската политика и пазарот, за иновациите и технолошките дострели, извозните и увозните движења и можности, за проекти и тендери и др;
  • застапување на интересите на членовите на Комората во економските односи со странство: заверка и издавање на документи, промотивно- пропагандна дејност и учество на саеми, изложби и други промоциски активности, развој на маркетингот и надворешно-трговската мрежа, деловно поврзување и информирање и сл.;
  • организирање стручно оспособување, преквалификација и доквалификација на стручни кадри;
  • утврдување и негување на добрите деловни обичаи, развивање на деловниот морал и утврдување на правила на деловното однесување на членовите на Комората во меѓусебните односи и во односите спрема трети лица на пазарот;
  • застапување на интересите на членовите на Комората пред надлежните државни органи и институции, посебно во подготвувањето на стопанското законодавство, на мерките и механизмите на стопанскиот систем и развојната и тековната економска политика, информирање за промените на законските и други прописи од дејноста на членовите на Комората и од областа на стопанството;
  • давање на мислења и подготвување на предлози и иницијативи за донесување на нови или измена и дополнување на постојните закони и мерки на економската политика од дејноста на членовите на Комората и од областа на стопанството
  • склучување и следење на извршувањето на колективните договори;
  • вршење на други работи од интерес за членовите на Комората.
Член 10
Комората може да врши одредени јавни овластувања утврдени со закон; да издава уверенија, сертификати, лиценци за туристички агенции, категоризација на хотелиерски објекти и транспортни средства и др., врз основа на добиена согласност од Владата на Република Македонија согласно Законот, Комората може да остварува приходи од вршење на јавни овластувања во доменот на својата дејност.
Член 11
Комората води евиденција за прашања од својата дејност и издава уверенија и други исправи за фактите за кои води евиденција. На барање на членовите, Комората потврдува и одредени факти врз основа на направен увид во издадени документи или официјални податоци од државни институции, кои членовите ги употребуваат во странство во рамките на своето надворешно-трговско работење. Начинот на водењето на евиденцијата, издавањето на исправите и потврдувањето на фактите се уредува со посебни акти на Комората.
.......................................................................................................................................................................................................
Преземете го комплетниот статут на следниот линк