Работилница на МОН и Британски Совет

Министерство за образование и наука во соработка со Британскиот Совет во Македонија, од 23-25 септември 2015 год, во Центарот за конференции и студии при НУБ „Св. Климент Охридски“, ќе одржи обука за работодавачите од Секторот туризам и преставници од средните стручните училишта со цел да се нагласи незаменливото учество на работодавачите во процесот на имлементација на Македонската рамка на квалификации. На обуките ќе присуствува експертот за квалификации од Англија, Стефан Џон.

Донесувањето на Македонската рамка на квалификации претставува важен сегмент во процесот на реформи што ги презема Република Македонија во образовниот систем со цел да стане споредлива со европскиот систем на вредности, кој ќе овозможи поголема мобилност, како на полето на образованието, така и на полето на пазарот на трудот. Македонска рамка на квалификации претставува инструмент кој овозможува класификација, споредување, развој и разбирање на квалификациите и овозможува јасен преглед на начинот на стекнување на квалификациите со цел да се задоволат потребите на пазарот на трудот и на општеството, да се поддржи доживотното учење и да се овозможи мобилност на оние кои сакаат да учат и на оние кои бараат работа.

Со заживување на Македонската рамка на квалификации ќе се овозможи лесна препознатливност на предходните и на новите квалификации од страна на работодавачите во земјава и во странство, и со тоа ќе се овозможи поголема вработливост на пазарот на трудот.

Но како да заживее МРК?

Само со вклучување на работодавачите во целиот процес на МРК со што ќе се зголеми релевантноста на сите видови квалификации, кон потребите на бизнисите и пазарот на трудот во целост. Затоа е важно е напоменеме дека улогата на работодавачите започнува со описот на работното место во нивната организација што го даваат во изготвувањето на стандардите за занимања преку учеството во работните групи, во развивањето на нови квалификации со учество како членови во Секторските комисии и во усвојувањето на квалификациите со учеството во највисокото тело за МРК, како членови на Националниот Одбор на МРК.

Но, тука не застануваме.Наша понатамошна активност ќе биде да се доближиме и да ги запознаеме работодавачите од сите сектори со нивната улога во МРК и можноста самите да изготвуваат стандарди на занимања за нивните потреби, за да можеме да образуваме кадри според реалната потреба на пазарот на трудот и да бидат барани од индустријата, а со тоа ќе се и обезбеди нивно полесно вработување.