Подобрување на работењето на туристичките работници

Во туризмот, туристичките работници се повеќе иницираат можности со кои што ќе се подобри работењето. Во последно време се слушаат инфромации кои што велат дека се бара воведување на банкарски гаранции за туристичките агенции коишто дополнително ќе влијаат на подобрување на квалитетот на работењето но, и гаранција за нивните потрошувачи односно, за клиентите.

Акцентот е да се стави многу повеќе на домашните туристи и тие да се привлечат да останат во македонските туристички капацитети. За овие и дополнителни прашања и ставови, одговор ќе добиете доколку го погледнете видеото од гостувањето на во емисијата Профит на Наша ТВ со Биљана Пејоска Ристеска, Извршниот Директор на Стопанска Комора за Туризам на Македонија.