Oдбележување на јубилеј пет годошно постоењена Стопанска комора за туризам на Македонија

Денес, 01.04.2013 година, Скопје, На 30 март 2013 година во Конференциската сала –Ресторан Воденица-Mulino, во рамките на Свечената седница на Стопанската Комора за Туризам по повод одбележување на јубилеј пет годошно постоење се организираше настан ,,Отворено со Владата на Република Македонија,, на кој присусвуваа Министерот за Култура г-ѓа Елизабета Канческа –Милевска, Министерот за Транспорт и Врски г-дин Миле Јанакиевски, Заменик министер за Економија г-дин Христијан Делев и Директорот на АППТРМ г- дин Јордан Трајков каде разменија мислења и идеи од областа на туризмот со членките на СКТМ и поканетитите гости од бизнис заедницата.

Претседателот на СКТМ г-ѓа Лела Крстевска пред присутните преставници од Владата ја истакана потребата за организирање на ваков тип на настани кој ќе придонесат за реализација на веќе превземените мерки за промоција и подршка на туризмот од страна на Вадата, а пак бизнис заедницата да може да предложи конкретни решенија за спроведување на истите. Имајќи ги во предвид статистичките податоци за бројот на странски туристи кои ја посетиле Република Македонија во 2012год. а во нив Градот Скопје е со најголем број на посети и ноќевања, СКТМ ќе реализира кампања – проект ,,Скопје – град на туризмот,, за 2013год. за што присутните со задоволство го прифатија. Однапред благодарни, Татјана Перовиќ-Митрова Извршен директор на СКТМ.
--------------------------------------------

Формирана во 2008 година, Стопанската комора за Туризам на Македонија („СКТМ”) е самостојна, независна, неполитичка и непрофитна организација. Мисијата на СKTM е фокусирање во подршка, промоција и развој на туризмот како индустриска гранка. остварување услови за зголемен раст на бизнисот на стопанствениците -туристичи работници, а со тоа и зголемување на работни места во секторот туризам. Целта на СКТМ е поттикнување, подршка на локални, национални и меѓународни иницијативи за унапредување на одржливиот развој на туризмот во Република Македониоја. За остварување на целите и задачите, СКТМ ги мобилизира и организира туристичките работници на Република Македонија.

Поврзани вести