Работната група на СКТМ во Штип со Барање до релевантните институции за измени и дополнување на правилниците за изведување ученички екскурзии

Превозниците и туристички агенции бараат измени во Правилникот за организирање училишни екскурзии

Туристичките агенции и превозниците бараат од училиштата кога ќе ги организираат екскурзиите во и надвор од државата да се консултираат со нив, бидејќи од 1 јануари 2020 година секој автобус мора да има дигитален тахограф.

Димитар Кашиков, Претседателот на Надзорниот одбор на Стопанската комора за туризам забележува дека Бугарија и Србија веќе направиле измени во правилниците и нивните превозници и туристички агенции веќе не смеат да имаат ноќни возења на ученици, во периодот од 22 до 4 часот.

Не може ученици од Берово во ист ден да ги посетат знаменитостите во Скопје, потоа Матка, па да одат во Вруток, потоа да го видат Свети Јован Бигорски, па манастирот Рајчица и во 22 часот да пристигнат во Охрид. Тоа е многу и за возачот и за учениците.

Директорите на училиштата во Штип се едногласни дека доколку промените се прават во интерес на безбедноста на учениците, возачите и наставниците, за нив се прифатливи, бидејќи тоа е и најврвниот приоритет во организирањето на ученичките ексурзии. Што се однесува за содржините, тие ги прават согласно планот, а главен филтер им е Бирото за регионален развој, кое често пати знае и да им укаже дали се во согласност со или не наставната програма и струката на училиштето.

Поврзани вести