Преземени активности од СКТМ за време на здравствената криза од COVID19

Предлог мерки и барања до Координативното тело за Туризам и Министерство за Економија


Извршната канцеларија на Стопанската Комора за Туризам на Македонија - СКТМ информира дека Претседателот на Комората г-дин Емил Димитровски и Претседателот на Собранието на СКТМ г-дин Стеван Пешевски на ден 09.06.2020г. остварија средба со Министерот за Економија г-дин Крешник Бектеши, во врска целокупната ситуација во дејноста настаната по прогласување пандемија од Ковид – 19, а со цел пренесување на ставовите на туристичкото стопанство, и давање на дополнителни конкретни предлог - мерки од страна на СКТМ до нив како релевантни претставници на системот.

На взаемно задоволство, констатирано е дека досегашната успешна соработка на релација Стопанска Комора за Туризам на Македонија – СКТМ со Министерство за Економија и АППТРМ треба да продолжи заради конструктивноста на досегашните предлози од страна на СКТМ.

На средбата, заеднички е констатирано дека поради продолжување на здравствената криза, досегашнтите мерки не се доволни и затоа потребно е дополнителна интервенција со дополнителни предлог - мерки.
 
По целосно објаснување и елаборирање од наша страна, од страна на Министерот за Економија новите предлог - мерки се прифатени и се очекува нивна реализација.

Дополнителни доставени предлог - мерки од страна на СКТМ доставени на средбата од ден 09.10.2020г. се следниве:
  1. Продолжување на мерката субвенционирање на плати и придонеси за следни три месеци(јуни, јули,август).Мерката е прифатена за јуни додека за Јули и Август би оделе со месечен пристап на одлучување т.е. со одлука месец за месец.
  2. Планирана е COVID 3 кредитна линија.
  3. Преку Светска банка за развој планирана е кредитна линија од 250 мил.евра од кои 30% грант и70% кредит со вклученост на Туризмот.
  4. Одобрување на еднократни грантови за Туристички агенции и Првозници во висина до 300.000,00ден
  5. Ваучерите за домашен туризам ќе може да се реализираат и преку Туристички агенции како и директно во хотели а нивната реализација ја спроведува хотелот. За нив не би се издавале фискални, фискална се издава само за разликата која ја плаќа странката доколку таква постои.
  6. Организаторите( Т.А.по закон за туризам) при организирање на семинари , конгреси, работилници кои ќе можат да користат до 30.000 денари гранд. За жал, на инсистирање на Стопанската комора на Македонија, предлогот е преименуван и наместо за сите хотели ќе важи само за хотелите во Скопје.
  7. Намалување на бројот на лица во комисијата за категоризација на хотелско угостителски објекти за поефикасно работење, но тоа ќе значи намалување на цената за истото.
Во досегашниот период, од почетокот на кризата, Стопанската Комора за Туризам на Македонија -СКТМ, преку Координативно тело при Министерство за Економија и АППТРМ од кое што е дел, ги има доставено следниве предлози за преземеање итни мерки за помош и полесно излегување од кризата на туристичкото стопанство. Дел од нив се прифатени, дел се во реализација, целосно или делумно, дел се преиначени, делумно или целосно:
  1. Ваучер за Домашен Туризам во одреден износ за сместување и за користење на угостителски објекти во периодот кој следува.
  2. Патниците да добијат можност за замена на датумот односно патниците кои веќе уплатиле аранжман да добијат вредносен ваучер кој во период од една година би го искористиле за патување.(до крај на 2021)
  3. Отварање на Хотелските објекти и за надворешни гости и ставање во целосна функција со 100% капацитетност на искористување.
  4. Ресторанскиот дел на послужување во Хотелските објекти начин Шведска маса да се избегне и да се премине кон послужување на поединец -собна услуга или ресторанско послужување на маса согласно стандардите пропишани во Протоколите од страна на здравствените власти за угостителските објекти.
  5. Воведување на вредносен Ваучер при регистрација на возилата во патничкиот сообраќај (автобуси, минибуси и комбиња) во секторот Превозници од 250 евра.
  6. Ослободување од плаќање на Придонеси од плата (по шифра на претежна дејност) за хотели, угостители, туристички агенции и организатори на патувања - Туроператори, превозници, во период заклучно со 31.12.2020 година (односно со плата за месец Декември 2020).
  7. Ослободување од плаќање на ДДВ , (по шифра на претежна дејност) за хотели, угостители, туристички агенции и организатори на патувања - туроператори, превозници, превозници, во период заклучно со 31.12.2020 година (односно со плата за месец Декември 2020).
  8. Субвенционирање на делот за билетите од авиопревоз на откажани аранжмани во период до воведување на вонредна состојба (18.03.2020). 
  9. Ослободување на компаниите од наплата на ДДВ за комуналии во период од 6 месеци(по шифра на претежна дејност).
  10. Намалување на наплатата за регистратиција на возилата од Превозниците за 50% од сумата за следната 2021г.
  11. Добивање на безкаматни кредити преку Банка за Развој (МБОР.) КОВИД 1
  12. Зголемување на износот на бескаматните кредити од 30.000,00 до 150.000,00 Евра со грејс период од 1 година .(Банка за Развој на Македонија) КОВИД 2
  13. Барање за нова безкаматна линија на КОВИД3 преку МБОР само за туристичкиот сектор, поради неможноста да се аплицира од огромниот број на апликанти од други дејности.
  14. Финансиската поддршка на работодавачите заради исплата на платите за март, април, мај да се однесува и за наредните 3+3 месеци. Договорено е да биде месец за месец и сега да се донесе уредба за месец јуни.
  15. Целосно одложување на лизинг кредити за 6 месеци почнувајќи од месец Јули 2020г.
  16. Можност за одложување на долгот кон Осигурителните компании за замрзнување на побарувањата за период од 6 месеци. Враќање на целосниот или делимично на износот на зелениот картон од 01.01.2020.
  17. Ослободување од плаќање на такси за добивање на лиценци за возачи или управители за обавување на пр1.Потенцирање на тоа дека се работи за Вредносен Ваучер кој се издава на корисникот на аранжман.
  18. Ослободување од обврска за плаќање кон ЗАМП.
  19. Намалување или укинување на фирмарини во соработка со Комора за енергетика.
  20. Еднократна помош до Туристички сектор и превозници.
  21. Барање на транспот во 100% искористеност на седишта со максимална примена на сите протоколи за безбедност при вршење на истиот (дизинфекција, визири, ракавици и сл.
  22. Прифаќање на резултатите за успешност во работењето на компаниите (бонитет на фирмата) од 2019г. при аплицирање на јавни тендерски огласувања во 2021 година како Економски Оператори.
Стопанската Комора за Туризам на Македонија-СКТМ и понатаму како и досега ќе го продолжи своето институционално делување, во рамките на можностите, и ќе продолжи да ги нуди своите предлози и решенија за што побрз излез од кризата на туристичкото стопанство, согласно барањата и потребите на своите членки.

СКТМ Скопје,10.06.2020г.

Поврзани вести