Барање до Министерство за Економија ,Втор сет Предлог мерки од СКТМ

До : Министерство за Економија
Ул.Јуриј Гагарин.бр.15
1000,Скопје

Предемет:Доставување барање од Стопанска Комора за Туризам на Македонија - СКТМ до Министерството за Економија и Секторот Туризам за прифаќање на Предлог мерки со поддршка за подолг рок на дејноста Туризам.

Почитувани ,

Стопанската Комора за Туризам на Македонија -СКТМ ,Ви го доставува овој допис со барање за прифаќање на Предлог мерки со поддршка за подолг рок на дејноста , од причини што засегнатоста на секторите од здравствената криза е со поголеми последици од очекуваните.Соочени сме со ситуација која и понатака има неизвеснот во делот на остварување на работните активности поради условеност од затворени граници на земји членки на ЕУ како и ограничено движење под посебни услови во останати земји.Ваквата поставеност делува во минимизирање на Туристичките движења како во појдовниот така и во дојдовниот Туризам.Туристичкиот промет е веќе невидлив со што егзистенцијално компаниите од Туризмот се на чекор до нивно целосно затварање.Затоа СКТМ со сите горенаведени оправдувања Ви го испраќа ова барање со цел позитивен приод од Ваша страна на разгледување и прифаќање на истите.
Предлог барањата се следни:
1.Продолжување на мерката субвенционирање на плати (14.500,00ден) и придонеси до крајот на 2020г.со измена за 100% покривање на трошоците за придонеси.(шифра на дејност Туризам и Превоз)
Образложение : Со оглед на повеќе месечно неработење на компаниите од туризмот (туристички агенции, хотели, превозници) и немањето на никаков финансиски приход но и најавата за продолжување на неизвесноста од реализација на предвидените аранжмани,патувања и сл. во наредниот период до крајот на 2020г.мерката субвенционирање е повеќе од потребна. Сметаме дека треба да важи до декември 2020г. и да ја добијат сите од туристичкиот сектор без разлика дали се новоформирани или комопании кои постојат повеќе години.Со тоа би им се помогнало и на новоформираните агенции и хотели (помалку од 6 месеци работа) кои вложиле се што имале а им била спречена можноста да отпочнат со работа .Во тој случај би биле приморани да ги отпуштат вработените а и да го изгубат самиот бизнис.
2.Ослободување од плаќање на ДДВ и аконтативен данок на добивка до крајот на 2020г.
Образложение : Поради неостварување на приход (0 приход) од почетокот на годината туристичките компании не се во можност да ги подмират давачките кон државата како данок на додадена вредност дури и кога тој би бил намален во проценти неможно е да биде подмирен исто би се случило и со аконтативниот данок од добивка.
3.Добивање неповратна помош согласно остварен промет во 2019г. кој би ги покрил тековните расходи за 2020г.
Образложение:За реализирање на оваа мерка дополнително Ви доставуваме скала за распределба на помошта врз која ќе се утврди висината на истата.Таа е следна :
-Oстварен промет до 2.500.000,00денари помош во вредност од 3.000 евра.
-Остварен промет до 5.000.000,00денари помош во вредност од 5.000 евра.
-Остварен промет до 10.000.000,00денари помош во вредност од 8.000 евра.
-Остварен промет до 20.000.000,00 денари помош во вредност од 10.000евра
-Осварен промет до 30.000.000,00 денари помош во вредност од 15.000евра
-Остварен промет до 50.000.000,00 денари помош во вредност до 20.000евра
-Остварен промет над 50.000.000,00 денари помош во вредност од 25.000 евра.
Неповратна помош да биде за сите фирми без оглед на состојбата од завршната сметка за 2019г.Основен услов да биде ПАД на промет од 50% во споредба со 2019 год.За компаниите кои се формирани во почетокот од 2020 да биде земено како појдовна точка за добивање на неповратна помош првата ставка од поставената скала за распределба.
4.Кредитите кои се подигнати од страна на Туристичките агенции од Комерцијалните банки (за закупи ,за одржување на тековната ликвидност)да се одложат на уште една година.
Образложение :Поради неостварување на никаков приход од работење во изминатиот период на 2020г. најголем дел од компаниите се во неликвидна состојба и неможност да одговорат на редовно подмирување на доспеани ануитети од подигнати кредити во изминат период.
5.Формирање на кредитна линија исклучиво за Туристички агенции бескаматна и безусловна.
Образложение :Поради тоа што во изминатиот период на доделување бескаматни кредити од страна на државата Туристичките агенции влегоа со мал број на субјекти кои ја добија таа поволност а потребата ја имаат и сите останати .Затоа оваа мерка е повеќе од потребна.
6. Искористеност на капацитетот на патничките возила за Туристички цели да не биде 50%. туку 70%.
Образложение :Патниците кои најчесто патуваат од исто семејство или партнери секако ќе бидат сместени и во иста соба во хотел во тој случај нелогична е примена на таква постапка и се поставува прашање зошто не би можеле да бидат и сместени во автобус на исто седиште.?Доколку се работи за лица кои не се од исто семејство или партнери тогаш би можела да се искористи варијанта со едно слободно седиште т.е. на две седишта еден патник.
7.Субвенционирање на зелен картон за автобусите и минибусите за 2021г.
Образложение:Во период на затворени граници и неможност за обавување на дејност надвор од државата веќе дадените парични средства за зелен картон се вложени но неискористени и без можност за поврат.Затоа сметаме дека за 2021г. истиот треба да биде субвенциониран.
8.Ослободување од ДДВ на Туристичките агенции кои работат исклучиво дојдовен туризам.
Образложение: Поради фактот што овие компании работат на привлекување странски туристи и остварување на девизен прилив во државата но и поради зголемување на нивната регионална конкурентност со останатите регионални Туропаратори потребно е ослободување од ваков вид на давачки согласно регулативите во околните држави.
9.Туристичките водичи, лиценцирани кои се надворешно ангажирани стручни лица и кои исклучиво остваруваат приходи од работа со туристички посетители /групи како загрозена категорија на лица погодени од здравствената криза, да добија помош врз основа на приходи остварени и евидентирани на нивните трансакциски сметки во минимален износ од 50% од оставерните приходи на трансакциона сметка за минатата 2019 година. Со оваа мерка не се опфакаат водичите/придружниците кои се во редовен работен однос и лицата кои имаат примања по друг основ на дејност.

Доколку не се исполнат бараните мерки, сметаме дека ќе дојде до затварање на компаниите со што се ставаат во ризик вработените но и туризмот како стопанска гранка, а истите средства пак ќе мора државата да ги обезбеди преку агенцијата за вработување евидентирајќи ги како невработени лица но со несогледливи последици.
Искрено се надеваме на Ваш позитивен приод и исход од овие наши доставени барања.


Со Почит,

Биљана Пејоска Ристеска
Извршен Директор на СКТМ