МИСИЈА
Стопанската Kомора за Туризам на Македонија e Kомора што ќе се фокусира во поддршка, промоција и развој на туризмот како индустриска гранка. Изложени на светска конкуренција, на разни притисоци и промени на трендовите стопанствениците- туристичките работници, се преориентирани кон користење на нови методи на работа. Се стремиме за подобрување на бизнис-климата и со тоа остваруваме услови за зголемен раст на бизнисот на стопанствениците-туристички работници, а со тоа и зголемување на работни места во секторот туризам.
Целта на СКТМ е поттикнување, поддршка на локални, национални и меѓународни иницијативи за унапредување на оддржливиот развој на туризмот во Република Македонија.
За остварување на целите и задачите, СКТМ ги мобилизира и организира туристичките работници на Република Македонија.
СТРАТЕШКИ ЦЕЛИ, СЕКТОРИ И МЕТОДИ
Стратешки цели:
- Промоција на туризмот;
- Пратење и предлагање на законска регулатива заради подобрување на амбиентот во туризмот во Р.М. како и усогласување со ЕУ-стандардите;
- Сугестија, мислења и анализа на стратегијата за туризмот во Р.М;
- Градење на ефикасен туристички сектор, јакнење и поврзување на институциите кои се неопходни за развој на туризмот;
- Јакнење на човечките потенцијали и техничка помош за развој на туризмот;
- Регулатива за контрола и анализа на лиценци за работа во туризмот;
- Стимулација и промоција на Јавно Приватно Партнерство (PPP);
- Активности поврзани со сите видови на туризам;
- Примена на Информатичката технологија во Туризмот
СКТМ е составена од следниве сектори:
- Сектор за Туристички агенции;
- Сектор за хотелиери и угостители;
- Сектор за превозници;
- Сектор за туристички здруженија и образовни институции;
- Сектор-Регионални канцеларии
СКТМ активностите ќе ги остварува преку:
- лобирање и реализација;
- информирање;
- обуки и совети;
- работа на проекти;
- организирање на семинари
|